Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
Организаторите на меѓународниот ракометен турнир Струга 2025 го објавија распоредот на натпреварите за годинашново издание. Честа да се појават пред свеченото отворање ја добија локалните ривали домаќинот Струга и амбициозниот за оваа сезона тим на Охрид. Првиот ден на 13.август (среда) ќе играат уште: Бутел и Радички Крагујевац.
Финалето се игра на 16.август – сабота.
Распоред на натпреварите:
Ден 1 – 13.август (среда):
18:30 часот Струга – Охрид
19:55 часот Свечено отворање
20:40 часот Бутел – Раднички Крагујевац
Ден 2 – 14.август (четврток):
18:30 часот Тиквеш – Раднички
20:40 часот Охрид – Бурса
Ден 3 – 15.август (петок):
18:30 часот Струга – Бурса
20:40 часот Тиквеш – Бутел
Ден 4 – 16.август (сабота):
10:30 часот Натпревар за 5.место
18:30 часот Натпревар за 3.место
20:40 часот Финале
Натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга.
МИА
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола