-->
-->
Македонските претставници во евро-куповите ги дознаа своите противници
-->
Денеска нашите претставници во Европските купови ги дознаа своите противници во првата рунда од квалификациите.
Македонскиот првак Шкендија во првата квалификациска рунда за Лига на шампионите ќе одигра двомеч со словенечкиот претсваник Мура и тоа првиот на домашен терен на 6 или 7 јули, а реваншот е седум дена подоцна (13 или 14 јули) во Словенија.
Доколку мине понатаму, во втората рунда Шкендија не би играла како носител и би била во подредена улога за извлекувањето. Единствен начин македонски тим да заигра во Лигата на Европа е ако тетовчани минат една рунда во Лигата на шампионите, па доживеат елиминација во следната. Со евентуален пораз во двомечот уште во првото претколо на Лигата на шампионите, Шкендија би заиграла во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, а во ждрепката за второто коло би била носител.
Но новоформираната УЕФА Конференциска Лига, имаме тројца претставници.
Освојувачот на Купот на Македонија, кратовски Силекс за противник ја доби екипата на Петроклуб од Молдавија.
Тимот на Шкупши ќе игра против косовскиот претставник Лапи, додека дебитантот на европската сцена Струга ТЛ за противник ќе ја има екипата на Лиепаја од Летонија.
Првите мечеви на програмата се на 8 јули, а реваншите на 15 јули.
Во текот на утрешниот ден ќе следи и ждрепката за ривалите за 2 коло
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија