-->
-->
Македонија воспостави дипломатски односи со Малта
-->
Република Македонија и Република Малта воспоставија дипломатски односи, што е резултатот од интензивната комуникација во текот на 2016 година на политичко и дипломатско ниво меѓу двете страни, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи.
- Ова е од исклучителна важност поради тоа што Република Малта и Република Кипар беа единствените две држави членки на Европската Унија со кои Република Македонија досега немаше воспоставено дипломатски односи, дури и по 26 години од независноста. Воедно, се работи и за земја членка која во моментов претседава со Европската унија, стои во соопштението.
Чинот, се наведува, е проследен и со предлог за именување нерезидентен амбасадор и упатување на македонски дипломат во Ла Валета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор