Македонија на нозе: Силувано девојче, момче и ученичка (13)
Забранетата љубов на девојче (14) и момче (16) од Штип, се претвори во комшар за девојчето. Имено, детето во февруари година дома го донел девојчето и брутално го силувал.
На насетувајќи дека ќе зажали, девојчето влегло во врска со две години постаро момче. Полицијата против малолетникот поднесе кривична пријава за дело „сексуална злоупотреба на дете што не наполнило 14 години“.
За истото дело полицијата поднесе кривична пријава и против И.А. (27) од Гевгелија. Тој пред неколку дена, исто така со употреба на физичка сила силувал дете од тој град.
Во двата случаи, монструозниот чин во полицијата го пријавиле родителите на силуваните деца, кои и покрај заканите од силеџиите, нашле сили да им го пријават случајот на своите родители.
Полов напад врз тринаесетгодишна ученичка од страна на наставник бил пријавен вчера во Полициската станица од општа надлежност во Кавадарци. Оваа информација денеска за МИА ја потврдија од СВР Велес.
Според пријавителите, тој во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката.
- Случајот е документиран во ПС ОН Кавадарци и е доставен до Основно јавно обвинителство Кавадарци, соопшти СВР Велес.
Ново на Сител
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп