Македонецот Виктор Илиески дел од „Тhe No Borders Orchestra“
Македонскиот тромбонист Виктор Илиески вработен во Македонската филхармонија и член на „Тhe No Borders Orchestra“, настапуваше со јужноафриканската продукција предводена од Third World Bunfight Production.
По успешната турнеја минатата година во Австралија, Јужна Кореја и Германија, годинава продукцијата имаше успешни настапи во KVS центарот во Брисел. Продукцијата е под режисерското водство на Брет Бејли, а диригент е Премил Петровиќ со солистите од Јужна Африка.
- Следуваа два успешни перформанси во Франција, каде имаше одличен прием од публиката. „Магбет“ конечно дојде и на поранешните југословенските простори, во Љубљана во големата сала на Цанкарјев дом, вели во писмената изјава Виктор Илиески.
Според него, со оваа продукција се испраќа една симболична порака да се надминат конфликтите и границите меѓу луѓето од различните нации, вери, раси и родови. Тој истакна дека интересот за оваа претстава е секаде огромен и додаде оти со месеци однапред се распродадени билетите.
Оваа продукција е составена од пејачи кои потекнуваат од Јужна Африка и оркестар составен од професионални музичари од поранешните југословенски републики.
Од оваа сезона, како дел од продукцијата и член во „The No Borders Orchestra“ е и македонскиот контрабасист Диме Димовски, кој е вработен во Загрепската филхармонија.
Ново на Сител
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции