Македонија
3. јуни 2023 - 19:31

Локалните совети клучни за превенција на проблеми во општините

Најбрзиот и најефикасен начин за решавање на локалните проблеми е активно делување на локалните совети за превенција. 

Преку нив институциите најлесно може да добијат аларм за проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат, но во исто време овие совети се основа и за безбедноста во една заедница, велат од СВР Струмица која заедно со ОБСЕ го презентираше моделот на локалните совети за превенција.

Од таму испратија и апел до општини кои немаат функционални  совети што поскоро да ги формираат или активираат во интерес на целата заедница.

Како позитивен пример за ефикасен локален совет за превенција беше посочена Струмица. Таа е една од ретките во државата во која ова тело активно работи и благодарение на него има детектирано и решено голем број горливи прашања. 

Формирањето на локалните совети за превенција започна во 2002 година. Но и покрај тоа што истите ги има речиси во сите општини во државата најголемиот дел од нив се функционални, пред се поради ад хок средбите и отсуство на континуитет.