-->
-->
Легендарниот тенисер прогласи банкрот
-->

Борис Бекер, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, во средата на сослушувањето пред Врховниот суд во Лондон, прогласи банкрот. Адвокатите на 49-годишниот Германец поднеле барање до судот да му се овозможи уште една шанса за исплата на долгогодишниот долг, но барањето било одбиено.
Судијката Кристина Дерет, истакнала дека се сеќава како Бекер играл на Вимблдон, турнир кој во кариерата го освојувал три пати, со жалење објави дека нема доволно докази дека неговиот „значаен“ долг ќе биде измирен во блиска иднина.
Таа го одбила барањето да му даде на Бекер уште 28 дена да се обиде да го намири долгот.
„Во 11:23 часот прогласив банкрот. Имам впечаток дека тоа е човек кој својата глава ја забил во песок“, рекла таа.
Барањето за банкрот го поднела приватната банка „Arbuthnot Latham & Co“, поради долг кој потекнува од 2015 година.
Адвокатите на Бекер се обиделе да достават докази дека постои можност долгот да биде подмирен наскоро. Тие нуделе аранжманот да биде рефинансиран, а како хипотека го понудиле имотот кој Бекер го има на Мајорка. На тој начин тие гарантирале дека ќе бидат собрани шест милиони евра.
Адвокатите истакнале дека Шпанската банка за околу еден месец ќе им овозможи да располагаат со тие пари.
„Имаше доволно време за размислување. Не се случува често професионален спортист да има неверојатен долг од октомври 2015 година. Ова е историски долг“, рекла судијката Дерет.
Борис Бекер во изминатите три години беше тренер на Новак Ѓоковиќ, со кого освои преку 20 трофеи, од кои шест на Гренд слем турнирите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
