Лажна закана за поставена бомба во банка во германскиот град Пеин
Германската полиција спроведе итна евакуација на центарот на градот Пеин, на северот од Германија, по добиената телефонска закана за поставена бомба во експозитура на „Комерцбанк“, јави дописникот на МИА од Берлин.
Полицијата го блокира целиот центар на градот, што се наоѓа во близина на Хановер, откако банката денеска попладне примила телефонски повик во кој машки глас најави експлозија на бомба.
Според локалната полиција, мажот зборувал течен германски јазик и засега не може да биде идентификуван.
Освен просториите на банката полицијата евакуирала десетици други објекти во централниот дел од градот, каде по претресот не е пронајдена никаква експлозина направа.
Германската јавност поради неколкуте терористички напади од страна на приврзаници на групата Исламска држава (ИД) во последнава година, постојано живее во страв од опасност од подметнување бомби или напади со друг вид оружје врз цивили.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228