„Лансет“: Над милијарда луѓе ширум светот имаат прекумерна тежина
Повеќе од милијарда луѓе се борат со прекумерната тежина и дебелината, посочуваат новите научни проценки на светско ниво, објавени во медицинското списание „Лансет“.
Податоците од 2022 година вклучуваат околу 880 милиони возрасни и 159 милиони деца. Највисоки стапки на прекумерната тежина има во Тонга и Американска Самоа - за жени и во Американска Самоа и Науру - за мажи, со околу 70 - 80 отсто од возрасните кои живеат со дебелина. Во периодот меѓу 1990. и 2022 година, дебелината во светот кај жените се зголемила од 8,8 отсто на 18,5 отсто, а кај мажите од 4,8 отсто на 14 отсто, покажува истражувањето.
Научниците истакнуваат дека дебелината ја зголемува опасноста од развој на бројни сериозни здравствени состојби, како срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и некои видови рак.
- Во некои случаи има агресивни маркетинг-кампањи коишто промовираат нездрава храна, додека пак, и цената и достапноста на поздрава храна може да биде проблем, нагласи проф. Маџид Езати.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека новите испитувања ја нагласуваат важноста на спречување дебелина од раниот живот до зрелоста, преку исхрана, физичка активност и соодветна грижа. Тој додаде дека тоа ќе бара работа на властите и заедниците и оти е неопходна и соработка на приватниот сектор, кој мора да биде одговорен за влијанието на неговите производи врз здравјето на населението.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш