Лабуристот Хојл повторно претседател на британскиот Парламент
Британските пратеници денеска повторно го избраа лабуристот Линдси Хојл за претседавач на парламентот, откако вети дека ќе биде непристрасен и фер во улогата на модератор, јави „Гардијан“.
Конзервативците на премиерот Борис Џонсон минатата недела освоија мнозинство во Долниот дом на Парламентот, што им дава слобода лесно да наметнуваат дневен ред и намалување на влијанието на претседателот на Парламентот.
Хојл (62) првпат беше избран на оваа функција во ноември, малку пред Парламентот да биде распуштен на пет недели пред изборите. Тој беше заменик спикер од 2010 година.
– На претседателот на парламентот мора да се верува, рече Хојл пред пратениците да ја изведат парламентарната традиција, „одвлекувајќи“ го до столицата на претседателот на парламентот.
– Имам докази дека сум непристрасен, независен и праведен, потенцираше Хојл.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан