Квалификации за ЕП 2016: Македонија поразена од Хрватска
Женската македонска ракометна репрезентација го претрпе и вторито пораз во квалификациите за ЕП 2016. Вечерва во СРЦ Кале Хрватска славеше победа со 36:22 (15:11).
Гостинската репрезентација ја оправда улогата фаворит против подмладената селекција на Македонија (просек 20,5 години).
Хрватска поведе на стартот од натпреварот со 4:1, избраничките на селекторот Симе Симовски успеаја да се вратат резултатски до негатива од – 1 (6:5 и 7:6 за Хрватска). Во тие моменти најдобарата ракометарка на Хрватска (членка на Вардар) Андреа Пенезиќ постигна четири од петте гола на својата селекција. До крајот на првиот Хрватска имаше и водство од пет гола (14:9).
На почетокот на вториот дел по серијата грешки на македонските ракометарки (не реализиран седмерец за 15:17) противничките казнија со серија од пет голови за 22:14.
До крајот на натпреварот поискусната селекција на Хрватска само ја зголемуваше предноста.
Најефикасна на натпреварот беше Пенезиќ од Хрватска со 9 голови, додека кај Македонија Ристовска реализираше 8 голови.
Следните два дуела од квалификациите Македонија ги игра против Словенија.
Хрватска е прва во групата со 4 бодови, додека утре играат Словенија – Црна Гора.
Ново на Сител
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта