Курц : ЕУ треба да ги прекине преговорите со Турција
Австрискиот канцелар Себастијан Курц го повтори ставот дека Европската унија треба да ги прекине пристапните преговори со Анкара.
- Критериумите за пристап повеќе не се исполнети, па затоа пристапните преговори со Турција мора да бидат суспендирани, рече Курц за германскиот весник „Велт“.
Тој нагласи дека, од таа причина, треба повторно да се размисли за финансиската пристапна помош, која беше предвидена во вредност од 4,45 милијарди евра за период од 2014 до 2020 година.
-Турција, сепак, останува важен стратешки партнер на ЕУ со која треба да постои соработка во рамки на концептот за соседство, смета Курц.
Тој и пред два месеца ја критикуваше започнатата воена офанзива на Турција во Сирија, која за мета ги има курдските сили.
Курц нагласи дека на Сирија и е потребен мир наместо натамошни воени акции.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега