-->
-->
КУП: Триумф на „лавовите“ во пенал серијата
-->
Екипата на Македонија ЃП е победник на националниот фудбалски куп откако по изведувањето на пеналите го совлада Силекс со 4-3. Средбата во регуларниот дел заврши без голови и се играа продолжетоци каде мрежите повторно мируваа па се изведуваа удари од белата точка. Јунак на ѓорчепетровци беше голманот Стефковски кој успеа да ги одбрани ударите на Алији и Спирковски додека Божиновски го одбрани пеналот на Попзлатанов.
Печат на пенал – серијата стави Сефер Емини по што ѓорчепетровци ја прославија својата втора куп титула освоена во четвртото финале и ќе ја престават Македонија во конференциската лига.
Што се однесува до самиот натпревар се играше рамноправно за што говори и резултатот во регуларниот дел. Најубавата шанса да го отвори резултатот ја имаше Каланоски во 57-та минута но и овојпат Стевковски успеа да одбрани со што се покажа како клучен играч во тимот на лавовите како и во пенал рулетот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата