Кумуцакос го нападна Коѕиас во врска со името на Македонија
Пратеникот на грчката опозициска Нова демократија Јоргос Кумуцакос, кој е одговорен за надворешна политика во партијата, остро го нападна министерот за надворешни работи Никос Коѕиас во врска со преговорите за името на Република Македонија.
- Дали (Коѕиас н.з.) има некаков преговарачки мандат и ако има што е тоа? Со кој кредибилитет седи на преговарачка маса? Која е неговата позиција? Оваа играчка со национални прашања е завршена, рече Кумуцакос во грчкиот Парламент додавајќи дека Нова демократија „нема да го гледа тоа".
Коѕиас пред два дена во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, со кого, меѓу другото, разговарале и за прашањето за името. Шефот на грчката дипломатија по средбата, на која присуствувал и медијаторот Метју Нимиц, изрази уверување дека после изборите постои прозорец за можности за дискусија за прашањето за името, ако се напушти иредентизмот.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки