Кумановскиот градоначалник Димитриевски го врати орденот и напиша протестно писмо до Каракачанов
Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски го вратил орденот кој го добил од министерот за одбрана од Р. Бугарија, Красимир Каракачанов заедно со протестно писмо во кое наведува дека гестот се должи на изјавите на Каракачанов во кои се негира, македонскиот народ, државност и јазик.
Димитриевски, како што напиша на фејсбук-страницата покрај орденот и писмото на бугарскиот министер му подари, како што вели скромен подарок,-книга „The Soul of Macedonia“ од авторот Наце Попов во која, вели сликовито е прикажана и објаснета духовната убавина на нашата држава и народ.
Димитриевски, претходно најави дека ќе го врати орденот којшто Каракачанов му го доделил по повод 100- годишнината од Првата Светска Војна на одбележување на битката кај Страцин.
Во писмото, Димитриевски го повикува Каракачанов да ги почитува проевропските вредности и кон бугарскиот и кон македонскиот народ, кој се стреми да биде дел од ЕУ-семејството
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата