Македонија
1. April 2024 - 18:02

Кривична пријава за спречување службено лице во вршење службени дејствија

ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против Е.Б., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службени дејствија”, казниво по член 382 од Кривичниот законик. На 11.02.2024 во Демир Хисар, тој попречувал полициски службеници да преземат мерки против лице поради нарушување на јавниот ред и мир.

По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, дадени се задолжителни мерки да се отстррани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка и времено да му се одземе оружјето.