Кривична пријава за скопјанец за неовластено поседување оружје
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.(20) од Скопје, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик.
Како што информира МВР, врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, во тек на полициска акција спроведена на 21 декември лани со цел сузбивање на организирана повеќечлена криминална група инволвирана во вршење на кривични дела од областа на криумчарење на мигранти, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај А.Ф., при што се пронајдени и одземени автоматска пушка без кундак „АК-47“ - „Калашников“ кал.7,62x39mm, празна рамка од автоматска пушка кал.7,62x39mm, 31 куршум за автоматска пушка со кал.7,62x39 mm и 100 куршуми за пиштол кал.9 mm, кои недозволено ги набавил и чувал во својот дом.
-А.Ф. бил лишен од слобода и опфатен со веќе поднесената кривична пријава против 13 лица, за сторени кривични дела по чл.418-в ст.2 и по чл.418-б ст.2 од Кривичниот законик, и веќе издржува мерка притвор во траење од 30 дена изречена од страна на судија на претходна постапка, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра