Кралот Чарлс Трети ќе го предводи кралското семејство во Единбург зад ковчегот на кралицата Елизабета Втора
Британскиот крал Чарлс Трети ќе го предводи кралското семејство во поворката зад ковчегот на неговата мајка, кога ќе се упати кон катедралата во Единбург, јави ДПА.
Кралицата Елизабета Втора ќе биде однесена од палатата Холирудхаус во блиската катедрала Сент Гилс каде нејзиното семејство и луѓето од сите области на шкотското општество ќе присуствуваат на службата за благодарност за нејзиниот живот.
Деталите за присуството на ожалостеното кралско семејство се уште не се објавени, но има шпекулации дека војводата и војвотката од Сасекс и новиот принц и принцеза од Велс, кои во саботата се обединија за време на појавувањето во замокот Виндзор, ќе бидат дел од групата.
Чарлс Трети пеш ќе предводи некои од членовите на кралското семејство, а се очекува тоа да бидат војводата од Јорк, грофот од Весекс, принцезата Ројал и нејзиниот сопруг вицеадмиралот Сер Тим Лоренс – додека ковчегот на кралицата и другите членови на монархијата ќе ги следат со автомобили.
Присутните ќе може да го гледаат ковчегот на кралицата и да му оддадат последна почит 24 часа пред да биде однесен во Лондон, додаде ДПА.
Кралот и другите членови на неговото семејство вечерва ќе бдеат во катедралата во чест на нивната мајка.
Чарлс и Камила во моментов се во Лондон, но пред да заминат за шкотската престолнина ќе ја посетат Вестминстерската сала каде двата дома на британскиот Парламент ќе изразат сочувство до новиот монарх и неговата сопруга, а кралот ќе го оддржи говор.
Ново на Сител
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми
-
Николоски: Досега 34 километри од автопатот Кичево - Охрид се во активна употреба, двата аеродроми ќе бидат автопатски поврзани
-
Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје
-
Вашингтон се заканува со санкции, Колумбија уверува дека се бори против шверцот на кокаин
-
Украина соопшти дека го нападнала нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област