Конкурс за откуп на публикации - први изданија
Министерството за култура информира дека е во тек Конкурсот за откуп на публикации (први изданија), чија цел е стимулирање и развој на издавачката дејност во Македонија и збогатување на библиотечниот фонд со публикации од областа на културата и уметноста, согласно со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017.
Министерството за култура ќе изврши откуп на публикации во печатена и во електронска форма од областа на културата и уметноста, првпат издадени во Република Македонија во 2014 и во 2015 година.
Конкурсот е отворен до 14 декември 2015. Може да учествуваат: правни лица-издавачи од Република Македонија кои ја издале понудената публикација; автори-издавачи на сопствени дела (публикации); автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за авторски труд.
- Министерството за култура при разгледување на понудените публикации за откуп ќе даде приоритет на: оригинални дела со културно-уметничка содржина од автори од Република Македонија пишувани на македонски јазик и на јазиците на заедниците; публикации наменети за деца и млади; публикации наменети за лицата со посебни потреби. Ќе се откупуваат само публикации кои се издадени во наведениот период, односно во 2014 и 2015 година, и кои претходно не биле откупени или финансирани од Министерството за култура. Од понудените печатени публикации ќе се откупуваат најмногу до 100 примероци, а од електронските изданија најмногу до 30 примероци, соопшти Министерството за култура.
За учество на Конкурсот треба да се пополни пријава која може да се преземе од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци