Конференција за моделот на социјални договори во Mакедонија
Во рамките на проектот „Преку социјални договори до одржливост“ денеска и утре во Скопје ќе се одржи Националната конференција за претставување на моделот на социјални договори во Република Македонија.
На конференцијата најавено е обраќање на министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.
Целта е да се дефинираат приоритетите во однос на подобрување на правната рамка, подобрување на пристапот до ефективни инструменти кои ќе го поддржат делегирањето на јавните овластувања на државата преку социјални договори на граѓанските организации. Учесниците на конференцијата ќе имаат можност за размена на искуства и најдобри практики со претставници од Македонија и од земјите на ЕУ со веќе развиени модели на социјални договори.
Дводневната конференција вклучува учество на претставници на ЕУ, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Заводот на социјални дејности, членовите на Мултипартитниот одбор на проектот, претставници на граѓански организации, владини институции, Градот Скопје и општините, меѓународните донатори, медиуми и други.
Конференција се организира во рамки на проектот „Преку социјални договори до одржливост”, кој е финансиран од Европската Унија и имплементиран од СОС Детско село Македонија.
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури