Конашенков: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена
Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена.
-Територијата на металуршката фабрика „Азовстал“ во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација „Азов“ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
„Последната група се предаде денеска“, додаде тој.
Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршувањето на операцијата и целосното ослободување на „Азовстал“ и градот Мариупол од украинските сили
Министерот Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски војници.
Министерството за одбрана соопшти дека 2.439 неонацисти од „Азов“ и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предала денеска.
Овие тврдења не можат да се потврдат, а украинската страна се уште не одговори на веста на руското МО.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци