Компаниите размислуваат за замена на „ви-фи“ со „5Г“
Многу компании во Германија сериозно размислуваат за варијантата да ја заменат својата внатрешна „ви-фи“ инфраструктура со затворени „5Г“ мрежи, соопшти „MИT Технолоџи Ривју“.
Меѓу нив е и автомобилскиот гигант „Ауди“, кој веќе тестира такво решение за управување на роботи. Ако тестовите бидат успешни, „Ауди“ најверојатно ќе ги замени сите свои постоечки „ви-фи“ решенија со „5Г“. Други производители на автомобили како „БМВ“, „Дајмлер“ и „Фолксваген“ исто така пројавуваат сериозен интерес за новите можности.
Според „MИT Технолоџи Ривју“ такви проекти имаат и голем број на компании од други индустрии, а во Германија има дури национална иницијатива наречена „Индустри 4.0“, која треба да стимулира слични решенија. Доаѓањето на приватните „5Г“ мрежи пак ќе обезбеди бум за производителите на комуникациска опрема и компаниите кои управуваат со слични мрежи.
Според истражувањето, пазарот за такви услуги ќе генерира 365 милијарди долари во текот на следните 10 години. На краток рок, најголемо ограничување за помалите компании ќе бидат трошоците за изградба и одржување. Друг потенцијален проблем е недостигот на доволно слободни фреквенции за приватните мрежи, што би можело да им направи проблеми и на најголемите компании.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите