Македонија
21. јуни 2018 - 8:38

Командантот на ЗОК во посета на Штип

Командатот на Здружена оперативна команда бригаден генерал, Павле Арсоски и началниците на секции денеска ќе престојуваат во посета на локалната самоуправа, музејот во Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Ново Село.

Предвидена е средба со градоначалникот на Штип Благој Бочварски и посета на локалната самоуправа на град Штип и запознавање со кратка презентација на градот од страна на претставник на локалната самоуправа.

Аровски и началниците ќе ги посетат  музејот во Штип (археолошка и историска поставка), музејот во Ново Село (Андонска куќа) и посета и презентација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Ново Село.