Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар
Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграциските служби, вчера го затворија музејот посветен на наркобосот Пабло Ескобар, еден од најбогатите криминалци во историјата. „Сопственикот“, пак, ќе треба да плати казна од 36 милиони пезоси (12.200 долари).
Имено, музејот ја нема потребната лиценца за работа, а бил менаџиран од Роберто Ескобар, брат на поранешниот шеф на картелот „Меделин".
- Не би сакал луѓето да доаѓаат во нашиот град, па и во нашата земја, за да му се воодушевуваат на криминалот. А уште помалку да се заработува од сето тоа, изјави градоначалникот Федерико Гутјерес Сулуага.
Музејот се наоѓаше во една од куќите на Ескобар. Во него се изложени неговиот мебел, лични предмети и автомобили, од кои еден е и со дупка од куршум.
Според градските власти, туристите плаќале по 90.000 пезоси (околу 30 долари) за влез. Роберто Ескобар пак тврди дека влезот не се наплаќал, туку посетителите давале „доброволни прилози“.
Пабло Ескобар, за кого се смета дека е одговорен за убиства на околу 6.000 луѓе, беше застрелан од силите за безбедност во 1993 година.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници