-->
-->
Колку ќе заработи Вардар од Лига Европа
-->

Покрај успехот со пласманот во групната фаза во ЛЕ и обезбедените дуели со Зенит, Сосиедад и Розенборг како и сите екипи кои се квалификуваа во групната фаза ќе заработат по 2,6 милиони евра. Оваа сума секако може да се зголеми во зависност од резултатите.
Според УЕФА, победа во групната фаза се наградува со 390.000 долари, додека за нерешен резултат двете екипи освен што ќе освојат по еден бод, ќе добијат и по 130.000 долари на своето конто. За прво место во групата се добиваат плус 650.000 долари, додека вториот во групата ќе добие 327.000 долари.
Вардар не е фаворит во групата, но „црвено-црните“ покажаа дека знаат да направат чудо, па зошто да не очекуваме и одлични игри и резултати за радост на македонската фудбалска јавност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трето државно квиз првенство
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
