„Коктелот антитела“ на „Ели Лили“ го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19 до 87 отсто
Американската фармацевтска компанија „Ели Лили“ вчера повторно објави позитивни резултати од третманот за Ковид-19. Се работи за мешавина од две синтетички антитела којашто го намалува бројот згрижувања в болница, како и смртните случаи за 87 отсто, според истражувањата на компанијата.
Кон крајот на јануари, компанијата објави дека комбинацијата на двете антитела бамланивимаб и етесевимаб, ја намалува опасноста од хоспитализација и смрт за 70 насто. Дозите беа 2,8 грама за секое антитело. Овојпат дозата на бамланивимаб е 700 милиграми, а на етесевимаб – 1,4 грама.
Клиничкото испитување опфатило 769 лица на над 12-годишна возраст, кај кои имало позитивен тест за Ковид-19 и кои имале фактори на ризик што ги прават повеќе склони кон болеста. До 511 од нив добиле лек, а 258 добиле плацебо-лек.
Меѓу оние третирани со комбинација на антитела, четворица биле згрижени в болница и никој не починал. Во плацебо групата, 11 биле згрижени, а четворица починале од коронавирусот.
Лекот беше итно одобрен во САД на почетокот на февруари (во доза од 700 мг бамланивимаб и 1,4 гр етесевимаб), за лица изложени на ризик, или поради возраста или други болести. Овие синтетички антитела коишто се примаат интравенски, се лабораториска верзија на одбранбените клетки на организмот.
Имунолошкиот систем произведува антитела во телото кога ќе се сретне со вирусот, со цел да се ослободи од него. Па така, зголемувањето на нивниот број кај поризични лица им помага на нивниот имунолошки систем побрзо да го победи вирусот.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија