Кој стрелаше врз погребната поворка, Пентагон демантира дека нападнале погреб во близина на Киркук
Авиони на меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД не извршиле напади врз погреб во ирачкиот град Дакук, 30 километри од Киркук, соопшти синоќа Пентагон.
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека коалицијата предводена од САД е одговорна за нападот во петокот врз погреб во ирачкиот град Дакук при што загинале повеќе десетици луѓе.
- Судејќи според наводите на сведоците, пилотите на борбените авиони помислиле дека колоната луѓе на погребот се терористи. Загинаа десетици ирачки цивили, вклучително и жени и деца, истакна портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конешенков.
Тој додаде дека руски извиднички авиони забележале два борбени авиони како извршуваат напади во Дакук, околу 30 километри јужно од Киркук.
- Според нашите податоци во тој реон нема борци на ИД, наведе Конешенков.
Тој истакна и дека таквите инциденти имаат карактеристики на воени злосторства и оти таквите напади станале секојдневна рутина на меѓународната коалиција.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено