Кој ги уништува сообраќајните знаци во Скопје
Во првите шест месеци од годинава на градските улици и булевари се оштетени 500 сообраќајни знаци.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“, кои вршат редовни контроли на состојбата на сообраќајните знаци за да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, ги санираат и ги исправуваат оштетените знаци, а каде што има потреба поставуваат нови знаци.
Во првите шест месеци од годинава на улиците и на булеварите се поставени 300 нови сообраќајни знаци.
При редовните контроли е утврдено дека оштетените знаци се бојадисуваат со спрејови, се користат како рекламни табли и на нив се лепи рекламен материјал, се искривуваат, а голем дел од нив се и целосно отстранети.
Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта“ апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат поставените сообраќајни знаци и да ја почитуваат патната сигнализација со што ќе придонесат за безбедно одвивање на сообраќајот
Ново на Сител
-
Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо