Кинезите направија и тестираа трамвај на иднината
Само два месеци по претставувањето на концепто на 19-от Меѓународен саем на висока тенологија во Пекинг, кинеските инженери направија и тестриаа нов издигнат трамвај кој може да поминува преку други учесници во сообрќаајот. Првото возење го направи во Чинхуангдаоу.
По презентацијата на моделот и концептот во мај ја заинтригираа јавноста, инженерите одговорни за „Transit Elevated Bus“ (ТЕБ) ги изненади сите и направи навистина гигантско возило.
Трамвајот се движи на струја со сончева енергија која ја собираат панелите распоредени на покривот.
Шинското возило на иднината, поточно, работи на принцип „опчекорување“ на сообраќајни ленти така што не зависи од никаков метеж.
Целото возило осмислено е за максимално да го искористи патот, а долго е 22, а широко осум метри. Тоа му овозможува да прекрие повеќе сообраќајни ленти.
Едно возило може да превезе и до 300 патници, но експертите планираат да се користи по метро системот, односно да одат по четири споени трамваи кои би можеле да носат 1.200 луѓе
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“