Кејти Холмс и Џејми Фокс планираат венчавка во Париз
Откако подолго време ја криеја својата врска, за која јавноста дозна пред неколку месеци, холивудските ѕвезди Кејти Холмс и Џејми Фокс сега планираат венчавка во Париз.
– Париз е градот во кој тие одлучија јавно да ја покажат својата љубов, по неколкугодишно таење. Кејти го увери Џејми дека се подготвени сето тоа да го направат и „официјално“. Таа многу сака зимско венчавање во Париз, наведува неименуван извор за порталот „Рејдар Онлајн“
Гласините говорат дека дека тие не ја откривале својата врска пред обожавателите поради предбрачниот договор на Холмс со Том Круз, каде што тој бара, „во случај на развод, таа да не може да има момче одреден број години потоа“, додава изворот.
Пред некое време, Холмс беше фотографирана со прстен на раката, но таа се правдаше дека тоа е само реквизит од филм.
Ново на Сител
-
ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
-
Одбележување на денот на семејството, НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ
-
Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено
-
ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
-
Прегласувањето во Струга почна навреме, процесот тече непречено
-
Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
-
Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат
-
Доналд Трамп најави правни мерки против автори на филм за неговиот живот