Џет-Сет
10. April 2016 - 23:13

Кајмаковски ја запали сцената и тоа буквално

Даниел Кајмаковски уште еднаш ја покажа својата актерска и пејачка умешност.

Негова задача вечерва беше имитација на групата Рамштајн и песната „Бензин“.

Карактеристично за овој бенд е пиротехниката, а продукцијата целосно го пренесе на сцената на ТЛЗП нивниот огнен настап при кој пејачот го пали каскадерот.

Колку беше добар перформансот говори и фактот дека жирито и публиката аплаудираше на настапот на Даниел.

Лепа Брена која вечерва беше во жирито рече дека станала фан на Кајмакоски и Рамштајн и ја пофали целата продукција за успешно изработеното шоу.

 

 

Daniel kao Ramštajn, ep. 06. sez. 03.

Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on Sunday, April 10, 2016