Кабинет на Иванов: Внимателно се следи безбедносната состојба

Претседателот Ѓорге Иванов со особено внимание ги следи настаните и развојот на состојбите во пријателска Република Турција. Во постојан контакт е со сите безбедносни институции во Македонија, со министерствата за внатрешни работи, за одбрана и за надворешни работи и со Армијата на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Кабинетот наведува дека по добивањето на податоците за намерите на вршење воен пуч во Турција, Армијата на Република Македонија презема низа мерки и активности за заштита на државната граница и информира дека во моментов се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба.
Кабинетот информира дека Иванов и раководителот на кризниот менаџмент постојано се информирани од субјектите задолжени да се справат и да ги превенираат заканите и ризиците. Кризниот менаџмент на Република Македонија ги следи состојбите во сите држави од регионот кои се соочуваат со безбедносни закани и мигрантската и бегалска криза.
- Република Македонија ja поддржува демократски избраната влада на Република Турција која како земја членка на НАТО и како исклучително значајна држава во соочувањето со глобалните предизвици e голем пријател и стратешки партнер на Република Македонија. Претседателот Иванов го поддржува нормализирањето на состојбите во Република Турцијa и повикува на почитување на демократските институции и избегнување на секаков вид на насилство и крвопролевање, соопшти Кабинетот на Иванов.
Претседателот, се додава во соопштението, смета дека мирот и стабилноста е од клучно значење за секоја од државите во регионот, и во овие моменти е потребна разумност и смиреност. Македонскиот претседател порачува дека политичките цели треба да се постигнуваат единствено со дијалог и во согласност со волјата на граѓаните на избори.
Ново на Сител
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
