Јункер ја предложи Бугарката Габриел за комесар за дигитална економија
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денес ја интервјуираше Марија Габриел, кандидатка предложена од страна на бугарската влада за нов еврокомесар, откако претходната бугарска еврокомесарка Кристалина Георгиева поднесе оставка и замина на висока функција во Светската банка.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, по успешното интервју, Јункер ги потврди надлежностите на Марија Габриел и предложи таа да стане кандидат за комесар, објавувајќи ја својата намера да и го додели ресорот за дигитална економија и општество.
По овој повод, челникот на Еврокомисијата испрати писмо до Советот на Унијата за нејзините главни задачи и одговорности како комесар за дигитална економија и општество, посочувајќи дека таа ќе придонесе за проекти управувани и координирани од страна на заменик-претседателот на ЕК, Андрус Ансип, кој е задолжен за единствениот дигитален пазар, како и под компетенцијата на комисискиот потпретседател Јирки Катаинен, кој е задолжен за работни места, развој, инвестиции и конкурентност.
По денешното интервју со Марија Габриел, кој е актуелен пратеник во Европскиот парламент од партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и по најавата на Јункер за додоелување на ресор, процесот за нејзино именување ќе продолжи со размена на мислења меѓу неа и ресормиот Комитет на Европскиот парламент, што се очекува да се одржи во текот на следните недели, по што таа и официјално би требало да стане нов еврокомесар.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите