Јилдирим: Турската економија посилна отколку пред обидот за пуч
Турција и нејзината економија се посилни сега, отколку пред обидот за пуч на 15 јули, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.
- Нашата економија се уште е силна како карпа. Немаше дури ниту мал економски шок. Таа ситуација сепак предизвика притисок во некои средини, изјави тој на прес-конференција во Анкара вчера, спомнувајќи ја конкретно рејтинг агенцијата Стандард енд пурс, која го намали кредитниот рејтинг на Турција.
- Нашата демократија и владеењето на правото исто така сега се посилни по неуспешниот преврат, додаде Јилдирим.
Во меѓувреме турскиот министер за царина и трговија Булент Туфенкчи изјави дека турската економија од обидот за преврат досега претрпела штета од триста милијарди турски лири (околу 90 милијарди евра).
Според него финансиските пазари „дале мошне добра лекција“ по обидот за преврат.
- Доколку превратот беше во друга земја, пазарите немаше да отворат цела недела. Во Турција во петокот имаше обид за преврат, а во понеделникот банките, берзите, пазарите на стоки, трговските центри беа отворени. Камататите не скокнаа прекумерно. Берзата забележа само умерен пад. Нема потреба од ревидирање на податоците за раст и вредностите на извозот, рече тој.
Ново на Сител
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027