-->
-->
Јапонски нуклеарен реактор не помина безбедносна проверка
-->
Јапонската нуклеарна агенција потврди денеска дека нуклеарниот реактор во префектурата Фукуи не го поминал безбедносниот преглед за да продолжи со работа, што е прв таков случај од формирањето на регулаторното тело по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.
Реакторот 2 во нуклеарната централа Цуруга во централна Јапонија, управуван од Japan Atomic Power Co. не ги исполни барањата поради откривање на потенцијална пукнатина на тлото под неактивната нуклеарна единица, пренесува јапонска новинска агенција.
Поради честите земјотреси во Јапонија, забрането е поставување на реактори или складирање на радиоактивни уреди директно над активните пукнатини на тлото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово
-
СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници
-
Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската кошничка
-
КИНСИВ ќе отвори истрага за настанот на небото над Скопје
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил