Јакимовска: Судбината на 1.000 вработени загрозени од блокадата на „Фени“
- Анѓушев призна дека компанијата која е во негова сопственост е еден од деловните партнери на „Фени“. Компанијата која е блокирана и во која под знак прашање е судбината на 1.000 вработени. Како што се објави во јавноста фирмата која го снабдува „Фени" со електрична енергија ЕДС, а која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, веќе ја блокираше сметката на „Фени". Анѓушев се обидува да ја манипулира јавноста. Металуршкиот гигант „Фени“ обезбедува 1.000 работни места и од него егзистира Кавадарци и поширокиот регион. Оттука јасно произлегуваат неколку прашања. Дали хајката која се води против комбинатот „Фени“ е со цел да се обезвредни еден ваков капацитет кој влијае врз целокупната економија на Македонија? Дали притисоците врз фабриката се со цел менаџерскиот тим да се откаже и по багателна сума да го продаде овој комбинат? Дали јавноста ќе биде сведок на скора промена на сопственичката структура со цел да се задоволат нечии бизнис интереси? Загрозени се работни места, загрозена е егзистенцијата на илјадници семејства, добавувачи, шпедитори и транспортери. Граѓаните не сакаат неизвесност, а Кочо Анѓушев и Зоран Заев со своите изјави покажуваат дека или немаат конкретна идеја или можеби имаат скриени намери за комбинатот „Фени“. Граѓаните ќе го казнат неодговорното однесување на владата со голем пораз на 15-ти октомври за сите погрешни политики на СДС, Зоран Заев и Кочо Анѓушев, изјави Светлана Јакимовска, ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста