Извоз на праски за Русија ќе има кога Македонија ќе поднесе извештај за спроведена истрага
Русија ќе ја укине времената забрана за извоз на праски и друго коскесто овошје од Македонија откако ќе добие извештај за спроведена истрага и преземени фитосанитарни мерки. Извештајот треба да го изготват надлежните органи од земјава и мора да биде прифатен од надлежните органи на Руската Федерација.
Фитосанитарната управа на Македонија веќе изготвува упатство за деконтаминација на магацините и насадите со коскесто овошје од страна на производителите и дистрибутерите во случај да се утврди присуство на спорната габа.
Тим од македонското Министерство за земјоделство денеска во амбасадата на Руската Федерација имаше средба со заменик-амбасадорот. Како што соопшти МЗШВ, двете страни се согласни да се најде решение за времената забрана за извоз.
Во соопоштението од Министертсвто не е наведено кога макеоднските власти ќе го подготват бараниот извештај за да може извозот да продолжи. Извозот на праски кон Русија сопре во средата кога беа вратени 6 камиони. Штетата што ја трпат производителите изнесува 4000 до 5000 по камион.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци