Израелскиот јавен обвинител нареди истрагата против Нетанјаху
Израелскиот државен обвинител Авишаи Манделблит синоќа најави дека наредил истрага за засега неодредена афера, во која е вклучен и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Како што јавуваат израелските медиуми, ваквата најава следи по повеќенеделните шпекулации и гласини дека е можно да биде покрената истрага против Нетанјаху.
Отако добил информации за работите, кои меѓу останатото се однесуваат и на премиерот, Манделблит се состанал со претставници на полицијата и судството, по што одлучил да нареди истрага, се наведува во соопштението на израелското Министерство за правда.
- Нагласуваме дека не станува збор за кривична истрага против премиерот, нагласи Министерството.
Потпаролот на Нетанјаху изјави дека како и во сите други случаи, кога за нешто бил осомничен премиер „и од овој нема да произлезе ништо, бидејќи тука и нема ништо“.
Нетанјаху минатиот месец призна дека примил пари од францускиот тајкун Арно Мимран, кој во четвртокот беше осуден на осум години затвор поради измама од 283 милиони евра во врска со дозволата за емисија на јаглерод диоскид и данокот за неа.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци