Израел ќе запре шест милиони долари од финансирањето за ОН во знак на протест поради резолуција
Израелските власти соопштија дека ќе запрат шест милиони долари од финансирањето за ОН следната година во знак на протест поради резолуцијата на Советот за безбедност, со која се бара прекин на изградбата на израелските населби на територии, кои Палестинците ги сакаат за своја независна држава.
САД се воздржаа од гласањето на 23 декември, со што резолуцијата беше усвоена со 14 гласа „за“. Израел и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го повикаа Вашингтон да стави вето на документот.
Ваквиот потег на Израел кон ОН се однесува против „антиизраелските“ органи на светската организација, меѓу кои се Комитетот за спроведување на неукинатите права на палестинскиот народ и Одделот за палестински права.
- Не е разумно Израел да финансира органи, кои дејствуваат против нас во ОН. Светската организација треба да стави крај на апсурдната реалност, поддржувајќи органи чија единствена цел е антиизраелска пропаганда, истакна израелскиот постојан претставник во ОН, Дани Данон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај