Македонија
26. March 2024 - 16:45

Измамници собираат пари низ Скопје во име на организацијата Св. Спас

Жени одат по врати низ Скопје и собираат пари наводно за помош на хендикепирани дечиња. На луѓето им велат дека средствата се за хуманитарни велигденски пакетчиња. Со нив носат слика од црквата св. Спас во Драчево и со фотографија од свештеникот Оливер кој е предводник на хуманитарната организација св.Спас. Последен пат се забележани во Аеродром а во текот на вчерашниот ден собирале помош од жителите на Центар. Информациите ги споделија верници кои веднаш алармираа на страната на хуманитарната организација. Свештеникот Оливер за Сител вели се работи за измамници и случајот го пријавиле во полициска станица.

Организацијата има жиро сметка на која се донираат средствата и нивниот принцип на работа не е да собираат пари од врата на врата.

Отец Оливер бара од надлежните да преземат мерки за да се заштитат граѓаните од измами. Ова не е прв ваков случај, но и претходно лицата поминале неказнето. Организацијата Св. Спас постои повеќе од 7 години и до сега помогнала во голем број случаи. Во рамки на хуманитарните акции, работи и народната кујна каде постојано се подготвува храна за стотици граѓани.