Издадена наредба за пронаоѓање на возачот во сообраќајката кај Радовиш
Основното јавно обвинителство од Радовиш издаде наредба за преземање дејствија за пронаоѓање на возачот кој вчера избега по сообраќајната незгода во која загинаа двајца мигранти, а повеќемина беа повредени.
Издадена е и наредба за наредба за сообраќајно–техничко вештачење на возилото, обдукција на двете починати лица, како и наредба за идентификација на останатите мигранти.
- При увидот фиксирани се пронајдените траги, местото на настанот е скицирано и фотографирано, извршен е преглед на оштетувањата на возилото со кое се пренесувале миграните и подигнати се траги од биолошко потекло, се наведува во денешното соопштение од ОЈО.
Во сообраќајната несреќа починаа двајца мигранти, шест се здобија со тешки телесни повреди и 15 со телесни повреди. До несреќата дошло кога товарното возило „ивеко“ во кое се превезувале 23 мигранти од Бангладеш и Шри Ланка излетало од коловозната лента и со предниот дел удрило во металната ограда од надвозникот.
Дел од мигрантите по укажаната лекарска помош се сослушани и сместени во Прифатниот центар во Гази Баба, а дел се задржани на болничко лекување во Клиничката болница во Штип.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид