Македонија
18. јуни 2024 - 16:43

Избувна пожар во фабрика во Скопје

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека околу 23.30 часот во с.Бардовци, скопско, настанал пожар во фабрика сопственост на А.А.(62). 

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.