Изборниот дебакл не ја менува политиката на Меркел за бегалците
Германската канцеларка Меркел не планира да ја менува својата политика во врска со бегалците и покрај тешкиот пораз на вчерашните покраинските избори, јави дописникот на МИА од Берлин.
Портпаролот на федералната влада Штефан Зајберт вели дека владата останува на истата политика за бегалците.
„Федералната влада ќе остане на својот курс за бегалците, целосно посветена и внатре во Германија и во странство“, изјави денеска Зајберт во Берлин.
Според портпаролот на канцеларката целта мора да биде заедничка одржливо европско решение кое што води кон трајно намалување на бројот на бегалците во сите земји членки на Европската Унија.
Партијата на Меркел ЦДУ вчера пред се проади поради политиката на отворени врати кон бегалците беше поразена во две од трите федерални единици каде што се одржуваа избори.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник