-->
-->
Избори за францускиот Сенат
-->
Избори за пополнување на околу половина од местата во францускиот Сенат, Горниот дом на Парламентот, се одржуваат денеска во Франција, јави ДПА.
Речиси 77.000 локални и регионални политичари имаат право на глас на денешното делумно гласање. За разлика од Долниот дом, Националното собрание, Сенатот не се избира директно од народот.
Се очекува конзервативците да го задржат мнозинството во Домот. Таборот на претседателот Емануел Макрон во моментов има 24 места во Сенатот.
Сенатот се состои од 348 членови кои се избираат за шестгодишен мандат. На секои три години, околу половина од неговиот состав се обновува со избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје