АНСА јавува дека две лица денеска исчезнале во други инциденти на Сицилија, откако водената стихија им го однела автомобилите, меѓу кои и автомобилот на лекар кој се упатил во болницата во Корлеоне.
Обилнтие дождови паѓаат на Сицилија, јужниот италијански остров од саботата, неколку дена откако бури го погодија поголемиот дел од северна Италија, пренесува АП.
Италијанската агенција за цивилна заштита соопшти дека во петокот во удар на гром на Сардинија загина турист од Германија.
Како што пренесува Ројтерс, уште едно лице, кое пред некој ден го удрило гром, починало во болница.
Повеќето животот го загубиле поради скршените стебла.
Според проценката на Здружението на италијанските земјоделски компании, во невремето се уништени 14 милиони стебла дрвја.
Најголема штета претрпеле областите околу Венециа, каде поради одрони се отсечени села и патишта.