-->
-->
Италија со триумф над Швајцарија обезбеди осминафинале на ЕУРО2020
-->
Италија е првиот осминафиналист на ЕУРО2020, откако „Азурите“ триумфираа вечерва над Швајцарија во Рим со 3:0 (1:0) и со шест бодови се првопласирани во групата А по воведните две кола.
Двоен стрелец во италијанските редови беше Мануел Локатели (26. минута и 52. ), а победата ја завери Чиро Имобиле во 89. минута.
За Италија ова беше 29-ти натпревар без пораз и воедно десетта победа во низа.
Во последното трето коло во групата А, Италија на 20 јуни во Рим е домаќин на Велс, додека истиот ден Швајцарија и Турција ќе играат во Баку.
Табела А-група: Италија 6 бода, Велс 4, Швајцарија 1, Турција 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите