Италија ја елиминира Белгија во четвртфиналето на ЕУРО 2020
Италија ќе игра против Шпанија во полуфиналето на ЕУРО 2020, откако Азурите триумфираа вчеравечер во Минхен над Белгија со 2:1 (2:1).
Италијанците, кои во натпреварот влегоа во серија од 31 натпревари без пораз, дојдоа до својата 13 последователна победа со головите на Никола Барела во 31. минута и Лоренцо Инсиње (44 м.).
Ромелу Лукаку во судиското продолжение од првото полувреме го намали водството на Италија од пенал, но Белгија не успеа во продолжението да постигне и втор гол со што стави крај на својата серија од 13 натпревари без пораз и го заврши настапот на Европското првенство.
Полуфиналните двојки на ЕУРО 2020 ќе се комплетираат денес со натпреварите меѓу Чешка – Данска, со почеток од 18 часот во Баку, и Украина – Англија, од 21 часот во Рим.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево