Истражување: До 10 пати е поголем ризикот од тромбоза по зараза со Ковид, отколку по примање вакцина
Истражување спроведено на 500.000 пациенти кои заболеле од Ковид-19 покажа дека згрутчување на крвта се јавило кај 39 лица на милион заразени, соопштија научници.
Тие велат дека ризикот од појава на ретка церерална венска синусна тромбоза (ЦВСТ) е осум до десет пати поголем по зараза со коронавирус отколку по примањето на некоја од постоечките вакцини против Ковид-19.
Истражувачкиот тим од Оксфорд, кој потенцира дека студијата е работена независно од тимот што ја разви вакцината Астра Зенека, соопшти дека ги споредиле податоците со Европската агенција за лекови, според кои пет лица на милион добиле ЦВСТ по вакцината Астра Зенека.
– Ризикот од појава ЦВСТ по Ковид-19 се чини дека е значително поголем отколку што беше по приемањето на вакцината Оксфорд/АстраЗенека, изјави пред новинарите Максим Такет од Оксфорд.
Такет рече дека стапката на смртност од ЦВСТ е околу 20 проценти без разлика дали се случила по инфекција со коронавирус или добиена вакцина, што укажува на тоа дека згрутчувањето е главен фактор на ризик.
Истражувачите истакнаа дека Ковид-19 е повеќе поврзан со мозочен удар отколку со ЦВСТ и дека сегашната дебата за вакцините ја испуштила од вид можноста за појава на потешка форма на болеста.
– Важноста на ова откритие е дека се враќа на фактот дека ова е навистина страшна болест, со цела низа појави, вклучително и зголемен ризик од ЦВСТ, рече Џон Гедес, директор на истражувачкиот центар НИХР.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници