Исплатени 23,5 милиони евра од „КОВИД 3”, досега одобрени 2.122 корисници кои имаат 16.009 вработени
Од бескаматната кредитна линија со грант компонента „КОВИД 3”, која се реализира со финансиска поддршка од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со вчера, 5 март, се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик или 96,7 отсто од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.
Како што соопшти Развојната банка на Македонија, досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени.
Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. Вкупно 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.
Најголем дел од одобрените 2.122 кредитни барања доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 14% и Југозападниот и Југоисточниот регион со по 12 отсто. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по 10% од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион се 5% од одобрените кредитни барања.
Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Развојна банка на Македонија АД Скопје продолжува со процесирањето на кредитните барања сè до утврдување на исцрпеност на расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска