Интер продолжи со победите
Лидерот во италијанското калчо Интер и по шестото коло во Серија А го задржаа максималниот ефект. Интер славеа кај Сампдорија 3-1 со што си направија добра увертира пред гостувањето кај Барселона во Лигата на шампионите.
Со малку изменет состав од оној во средата го победи Лацио, Интер ја притисна Самдорија од самиот почеток на натпреварот. По 20 минути игра резултатот го отвори Сенси. Поранешниот играч на Сасуоло шутираше од голема далечина, топката на патот кон голот допре некој од играчите на Сампдорија го смени правецот и заврши во голот.
Две минути подоцна Сенси му асистираше на Алексис Санчез за 2-0. Чилеанецот го постигна првиот гол во дресот на Интер. Во финишот на првиот дел тој доби жолт картон, а во 46 минута се обиде да изнуди пенал поради што судијата му го покажа и вториот жолт картон.
Веднаш по исклучувањето на Санчез, Лаутаро Мартинез не реализираше одлична шанса но не успеа да ја реализира.
Предноста од играч повеќе Сампорија ја искористи во 55 минута кога Јантко постигна гол.
Сите дилеми околу победникот ги разреши Гаљардини шест минути подоцна кога го постави конечниот резултат.
Интер на врвот има 18 бода два повеќе од Јувентус.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување